Вељановски со честитка по повод 11 Октомври
Собранискиот спикер Трајко Вељановски упати честитка по повод 11 октомври.
- На сите граѓани на Република Македонија од мое лично име и од името на пратениците во Собранието им го честитам овој голем празник. На овој датум македонскиот народ реши да се избори за сопствената слобода и свесен за храбриот подвиг, пожртвувано и решително тргна во борба за да се ослободи од окупацијата и окупаторите. Во тие денови Македонија и македонскиот народ со другите држави од Европа и светот се вклучија во борба со идејата повторно да победи слободата, човековото достоинство и сувереноста на државите, стои во честитката.
Според Вељановски и денес Република Македонија може гордо и слободно да каже дека беше на страната на слободата и дека вредностите како што се рамноправност и почит ги дели заедно со земјите од Европа и светот кои се бореа за истата цел.
- Во востанието загинаа многу херои, но не загина нивното дело, тоа дело денес е реалност и затоа ние и нашите деца живееме во слободна и суверена Република Македонија. Да ја имаме на ум оваа жртва, од овие херои и таа да ни дава мотив за да продолжиме да работиме за просперитетна држава, која ќе биде дом и на следните поколенија без разлика на вера, јазик и култура, стои во честитката на Вељаноски.