Русковска проверува дали некој го продавал исказот на Милески

 

Одделот за организиран криминал и корупција со кој раководи Вилма Русковска започнал детална истрага за да се утврди дали некој од вработените навистина успеал да дојде до исказот на Зоран Милески, второтосомничен во аферата „Рекет“ и по телефон, наводно, да го понуди за продажба на адвокат на еден од осомничените во овој случај, пишува „Слободен печат“


Како што велат од ОЈО за „Слободен печат“ се проверува бројот од кој е контактиран адвокатот, безбедносните камери околу просторијата каде е архивиран исказот во предметот, а сите наоди од проверките ќе му бидат дадени на надлежен обвинител.

Како што веќе беше објавено машко лице се обидело за паричен надоместок, да го продаде исказот на Зоран Милески второосомничен во аферата „Рекет”.


Бојан Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет”, Милески е второосомничен, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена во „Рекет”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега