Џафери и Вељановски на средба со македонските мировници во Авганистан
Денеска делегација предводена од министерот за одбрана, Талат Џафери и претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељановски, претстојува во посета на македонските мировници кои се дел од силите ИСАФ во Авганистан.
Предвидено е за време на посетата делегацијата предводена од Џафери и Вељановски да оствари средби со воениот врв на силите, генералот Џозеф Данфорд, со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, амбасадорот Мауриц Јохемс и со заменик-командантот на силите, генералот-потполковник Џон Лоример.
Ќе биде остварина и средба со претставниците на контингентот со цел делегацијата подетално да се запознае со секојдневните задачи на македонските мировници.
11.10.2013 - 10:38