ВМРО- ДПМНЕ: Власта троши на се, само за граѓаните не

Доцнат платите во МВР и армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо, велат преку соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери.

„Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи.

Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец.

Власта троши на се, само за граѓаните не.

Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род.

Во Македонија владее хаос и незадоволство.

Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте.

Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија“ се вели во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега