Ахмети се сретна со новиот холандски амбасадор: Очекувам датум за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети го пречека на работен состанок новиот амбасадор на Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, во седиштето на ДУИ во Тетово. 

 

 Ахмети му честита на новиот Амбасадор за новата функција истакнувајќи дека блиската соработка со Холандија ќе продолжи и во иднина при што му се заблагодари за подршката што неговата земја и ја дава на нашата држава. 

 Соговорниците истотака разменија мислења за актуелните случувања, владеењето на правото, евроатланската интеграција на земјата и регионот. 

 Ахмети ја истакна посветеноста на ДУИ за постигнување функционална и доверлива неселективна правда која ќе се постигне преку спроведување на ветинг. 

 Во врска со одлуката на Советот на Европската Унија кон средината на овој месец, г-дин Ахмети рече дека очекува Северна Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за започнување на преговори за членство во ЕУ. 

 Ова ќе придонесе за подлабоко реформирање на нашите земји во согласност со очекувањата од Брисел, но и ќе го стабилизира нашиот регион.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега