Шумската, затворската и судската полиција на протест - Бараат повисоки плати

Вработени во шумската, затворската и судската полиција од Велес протестираа утрово барајќи повисоки плати блокирајќи го влезот од магистралниот пат Велес – Штип. 

Протести утрово имало и во Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“, пренесе СДК.Мк.

- „Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, колективен договор со шумска и затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци“, стои во писменото барање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега