Плевнелиев: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, а Софија не треба да удира шлаканица на Скопје

Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави поранешниот бугарски претседател 

Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак, има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

– Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и да и покажува „црвен картон“ на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Според него, за поголемо приближување меѓу, како што наведува, двата братски народа, потребна е поголема работа и трпеливост, како и проширување на соработката во сите области.

– Колку грчки инвестиции има во Северна Македонија, а колку бугарски? Треба тоа да го подобриме и наместо да се однесуваме како лажни патриоти и да ги комплицираме работите во последен момент, да му заблагодариме на Бога што премиерот Бојко Борисов и вицепремиерката Екатерина Захариева не го дозволија тоа. Наместо тоа, да помогнеме и да ги зајакнеме активностите во регионот, а особено во Северна Македонија. Еден пат не сме направиле таму, немаме ниту еден саглам граничен премин, вели Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Целта на Бугарија , како што посочува, не е да освојува нови територии, туку да има мир на Балканот, но тоа не треба да биде на сметка и со манипулација на историјата. Според него, Владата на Северна Македонија треба да биде поддржана затоа што конфликтите на Балканот се во интерес само на Русија и на Србија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега