Искористете ги уште малку овие пријатно топли денови, им доаѓа крајот- од утре драстична промена

Искориетет ги Времето во денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.


Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 07:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега