Гркот Кефалојанис не дојде да сведочи за „Маѓар телеком“

Во Кривичниот суд повторно беше одложено судењето за предметот „Маѓар телеком“ затоа што гркот Михалис Кефалојанис не се појави да сведочи во судот, објави „А1он“. Судијката Ленка Давиткова констатира дека не е постапено по замолницата која судот преку Министерството за правда ја испратил до грчките власти.

Обвинителката Лиле Стефанова предложи на следното рочиште на 19 ноември да бидат повторно повикани Слободан Богојески и Михалис Кефалојанис како сведоци.

Со писмен поднесок обвинителката Лиле Стефанова ќе го информира судот дали треба да биде прифатен предлогот да биде сослушан експремиерот Владо Бучковски како сведок.

Во предметот кој се суди од 2011 година обвинети се тројца ексдиректори на „Телеком“ Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега