Заев: Подготвен сум за лидерска средба

Јас сум подготвен за лидерска средба, ако има напредок на работните групи кои се усогласуваат за новиот Закон за јавно обвинителство, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција за реформата за укинување на квотите за лекови на територија на целата држава.

„Дадов изјава и од Њујорк и ако има потреба и ако се стигне на разговорите до такво ниво и јас сум подготвен. Добро е што се гарантира иднината на предметите, обвинителите имаат континуитет, иднина. Секако подобро да има иднина отколку преку закон таа иднина да се дерогира. Испраќам порака до преговарачите од власта и опозицијата да најдат начин. Јас сум подготвен верувам и Мицкоски е подготвен, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега