Триесет дена притвор за Шиповиќ и седум други лица - четворица одат дома

 

Истражен судија одреди 30 дневен притвор за претседателот на управниот одбор на Машинопромет Мирослав Шиповиќ кој сеуште е недостапен за судот и полицијата, а мерка притвор е определена и за седум други лица приведени во акцијата ""Претседавач".

Мерка одземање на патна исправа и редовно јавување во судот е определена за четири други лица, меѓу кои се членовите на управниот одбор на Машинопромет, еден претставник на надзорниот одбор на акционерското друштво и една вработена во УЈП. 

Сеуште нема информација дали за актуелниот претседавач во Советот на општина Центар ќе биде распишана и меѓународна потерница. Полицијата синоќа поднесе кривична за вкупно 12 лица кои се осомничени за криминал во Машиноипромет. Според сомневањата на МВР, тие ја оштетиле компанијата за над 1 милион евра, а буџетот на државата за 16 милиони денари.

10.10.2013 - 16:49
Фото: 
Утрински

најчитано сега