Ослободен киднапираниот либиски премиер!

Откако пред неколку часа група либиски бунтовници го киднапираше премиерот на Либија,  Али Зејдан, тој конечно се наоѓа на слобода.

Според информациите кои доаѓаат од либискиот министер за надворешни работи Мохамед Абделазиз, либискиот премиер е на слобода, но сеуште не се знаат детали околу неговото ослободување.

Инаку, Зејдан утрово беше киднапиран од страна на либиски бунтовници, а потоа се тврдеше дека премиерот бил приведен.

10.10.2013 - 12:29

најчитано сега