Обвинителството бара притвор за сите осомничени во „Претседавач“

 

Единаесетмината уапсени во полициската акција „Претседавач“ денеска се на распит во скопскиот Кривичен суд. Тие се уапсени поради сомнение за малверзации во скопската фирма „Машинопромет“.

Јавното обвинителство денеска поднело барање до Основниот суд Скопје 1, да се спроведе истрага, за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против 12 лица, со предлог за определување мерка притвор. Засега се уапсени 11 лица, додека првоосомничениот сеуште е недостапен на органите за прогон.

Кривична пријава заработи М.Ш., претседател на управниот одбор на АД „Машинопромет“ и членовите на Управниот одбор на фирмата, Т.Т, С.М , В.Д и В.В. Вработените во Управата за јавни приходи Е.Ј.Д., С.П. и М.К. се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Денеска пред истражен судија се изведени и четворица сопственици на фирми од Скопје и од Штип.

Според информациите од полицијата, единаесетмината уапсени се сомничат дека се инволвирани во криминал сторен во периодот од 2008 до 2011 година.  

По денешниот распит, Истражниот судија ќе донесе одлука дали на осомничените ќе им дозволи да се бранат од слобода.

10.10.2013 - 11:33

најчитано сега