По цели два века Нов Зеланд им даде имиња на двата главни острови

 

По два века од пристигнувањето на првите европски доселеници, Нов Зеланд конечно им им даде имиња на двата острови.

Како што соопштува Новозеландскиот географски совет, имињата на двата острова - „Јужен остров“ и „Северен остров“, на англиски јазик се појавуваат на картите на почетокот на 19 век, но никогаш досега не беа официјални.

- Имињата се составен дел од наследството и културниот идентитет на Нов Зеланд и беше нормално имињата Северен и Јужен остров да станат официјални, прокоментира министерот за катастар Морис Вилијамсон.

Овие два острова имаат и маорски имиња, а тоа се „Те Вајпоунаму“ или „Реката на зелените камења“, како и  „Те Ика-а-Мауи“ или „Рибата на Мауи“.

10.10.2013 - 10:01

најчитано сега