Либиска бунтовничка група призна дека „го уапсила" либискиот премиер
Група поранешни либиски бунтовници денеска признаа дека „го уапсиле" премиерот на Либија, Али Зејдан.
Претходно, либиската Влада соопшти дека премиерот Али Зејдан „бил киднапиран“ рано изутринава во Триполи од вооружена група, за која се претпоставува дека е составена од поранешни бунтовници, и бил одведен во непознат правец. Како што соопштува либиската Влада, Зејдан бил киднапиран во хотелот „Коринтија“, каде се наоѓа неговата канцеларија.
Како што јави ИТАР-ТАСС, портпаролот на либиското Министерство за внатрешни работи изјави дека Зејдан не бил киднапиран, туку уапсен од соработници на полицијата. Најверојатно се работи за заедничка операција на Министерството за внатрешни работи и Оперативниот штаб на либиските револуционери.
10.10.2013 - 09:50