Ристеска до Ангеловска: Во живо да гледаме како се троши буџетот

Шефицата на Центарот за истражување и креирање политики Марија Ристеска и постави неколку предизвици на новата министерка за финансии Нина Ангеловска.

Ристеска бара Ангелеска која има искуство со платформата Групер да овозможи трошењето на парите од државниот буџет да се следи на интернет.

„Едно барање имам до новата Министерка за финансии: да предложи нов Закон за буџети кој ќе регулира програмско и родово одговорно буџетирање и како некој што сака технологија нека направи да следиме во живо како се трошат нашите пари и кои цели ги постигнуваме со трошењето”, пишува Ристеска во јавниот повик до министерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега