Пратениците ќе решаваат за разрешување на Јанева

Извештајот на Советот на обвинители, со кој се отвора постапка за разрешување на Катица Јанева, ќе биде разгледуван најверојатно на затворена седница на Комисијата за избори и именувања, објави Телма. Тоа ќе го одлучи самата комисија, која ќе заседава во среда или во четврток и ќе разгледува доверлив материјал. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, информираат од Собранието. Овие денови, претседателот на комисијата Илија Димовски, ќе побара информација кои пратеници имаат безбедносен сертификат, за да може да им го дистрибуира материјалот што го добил од спикерот Талат Џафери како класифициран. Без оглед дали седницата на комисијата ќе биде отворена или затворена за јавноста, треба да се очекува заклучок за разрешување на раководителот со СЈО, велат од владеачката ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега