Активиран нов пожар во Велес

Околината на Велес повторно гори, информира ТВ 24. Пожар избувна на ридовите помеѓу селата Ораовец и Војница, на границата помеѓу општините Чашка и Велес. Огнот зафати трева и смрекова шума на површина од педестина хектари. Екипите на противпожарната единица од Велес, заедно со вработените од Шумското стопанство и Комуналното претпријатие „Дервен“, помогнати од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе четврти ден се борат со пожарот, кој се уште не е под контрола.

Освен еден пчеларник, засега спасени се куќите во Ораовец и викендичките кои гравитираат во овој реон. Најголем проблем е ветерот кој од попладнево почна да дува и се заканува да го прошири пожарот кон селото Војница. Од Национални шуми велат дека ова е една од накритичните години со пожари, во кои штетите се огромни.

Пред три дена, голем пожар ја уништи околината на Велешкото Езеро „Младост“. Изгоре шума стара повеќе од половина век.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега