Камион удрил во малолетен велосипедист од струмичко- со тешко повреди пренесен во болница

Малолетен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од камион во село Муртино, Струмичко.

„Вчера во 16:15 часот во село Муртино, Струмичко, товарно моторно возило „Волво" со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(52) од с.Дабиле, удрило во велосипед што го управувал малолетник од село Муртино. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош“, соопштуваат од МВР.

Од таму инфомираат дека било извршено увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2019 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега