СДСМ: Владата се плаши од идејата за враќање на 15% ДДВ на граѓаните

Владата бега и се плаши од идејата за враќање на 15% од Данокот на додадена вредност на граѓаните. Очигледно станува збор за желба сите пари да ги контролира и да ги задржува единствено власта.

 Кој е утка, а кој навистина има елементарни непознавања граѓаните лесно ќе проценат затоа што ДДВ плаќаат скоро секаде, секој ден.

 Граѓаните знаат дека плаќаат ДДВ на сметките за вода, струја, телефон, греење.

 Граѓаните знаат дека плаќаат ДДВ на сметките за леб, зејтин, шеќер, на сметките за средствата за лична хигиена и средства за чистење....

 Знаат дека плаќаат ДДВ при купување на облека, обувки, апарати за домаќинство, бензин, при купување на училиштен прибор, автобуска карта, такси превоз....

 Граѓаните знаат дека плаќаат ДДВ за купување на стан, куќа, автомобил, велосипед.... или за градежен материјал и репроматеријали во земјоделството.

 Е, тоа е предлогот на СДСМ – да им се врати, и дел од парите на граѓаните од данокот, кој секојдневно и насекаде го плаќаат.

Кога враќањето на ДДВ ќе биде директно, кон граѓаните и ефектот од предложената мерка е директен.

 Со реализација на предлогот на СДСМ до 130 милиони евра, секоја година, директно ќе се вратат кон граѓаните.

 Со тоа, секое семејство во Македонија, во просек ќе има меѓу 20 и 30 илјади денари годишно, повеќе пари во семејниот буџет.

 Народот очекува било кое прашање што е од интерес на граѓаните да биде сериозно разгледано, и од страна на Владата. Доколку власта, или нејзините  министри, вице-премиери, сакаат да ги коментираат предлог - мерките кои се во интерес на граѓаните, тоа треба да го направи одржливо, аргументирано, и со факти.

 Почитувани граѓани,

 Парите од данокот се враќаат кај вас!

 Плаќаме данок и заработуваме!

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

 

 

09.10.2013 - 15:37

најчитано сега