Трагедија во Скопје: Загина работник кој падна од зградата на ФФМ

Голема трагедија се случила попладнево во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, откако паднал кранот на кој што беше работник задолжен за одржување на хигиената на прозорците од зградата на Куќата на фудбалот и починал на лице место, информира СПОРТ 1.

Во околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ – кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

За среќа, избегната била уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината.

Зградата на ФФМ се наоѓа на булевар АСНОМ, а на местото на несреќата на увид се полицајци и државен трудов инспектор.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега