Тетово: Полициски инспектор под истрага поради шверц на дрога

Министерството за внатрешни работи поведе истражна постапка против полициски инспектор во тетовскиот регион под сомнение дека е дел од шемата за нарко-трговија. Минатата недела две лица беа уапсени во селото Камјане, тетовско, кога беше пронајдена значителна количина на дрога во возилото што го управувале. Се претпоставува дека возилото било на инспекторот, објави Алсат.

Алсат неофицијално дознава дека полицискиот инспектор изјавил дека автомобилот го продал одамна. Случајот сега го презема внатрешната контрола на МВР, додека дополнителни детали се очекуваат по завршување на истрагата. Во меѓувреме, реагираат албанските партии во опозиција. Од Алијансата за Албанците велат дека осомничениот инспектор е близок до функционерите на ДУИ и оти поради тоа не бил навреме опфатен од истрагата.

-Возилото со кое е направена продажбата не беше задржано на понатамошно вештачење. Ова е загрижувачко бидејќи возилото го користел инспектор кој всушност е брат на висок функционер на ДУИ. Овој функционер бил шеф на кабинетот во Општина Гостивар кога Невзат Бејта беше градоначалник, бил шеф на штабот на ДУИ во Гостивар, бил претставник на ДУИ во општинска изборна комисија. Како може целиот овој случај да заврши само со приведување како што беше истакнато во медиумите, на двајцата продавачи без понатамошно продолжување и испитување на случајот која била улогата на инспекторот и другите лица? – велат од Алијанса на Албанците.

Движењето Беса го обвинува МВР дека сакајќи да го заштити инспекторот, не го задржале за експертиза возилото со кое биле фатени шверцерите и во кое била пронајдена дрога.

-По криењето на случајот во Тетово каде пратеникот на ДУИ пукаше на семејна забава и повреди две лица, сега се обидуваат да го сокријат и случајот каде беа фатени две лица како продаваат наркотици. Според информациите, полицијата уапсила две лица кои разнесувале наркотици, користејќи го автомобилот на полицискиот инспектор од внатрешниот сектор во Тетово. Возилото со кое е направена продажбата не е задржано на понатамошно испитување откако го употребувал инспектор кој во медиумите беше посочен како брат на шефот на кабинетот на потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта. Ова е уште еден пример дека во оваа земја има селективна правда – велат од Движењето Беса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега