Пет млади момчиња по скок на глава во вода завршиле на Клиника - цел живот ќе бидат парализирани

Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил, откако при скок во вода сериозно го повредиле вратниот ‘рбет, објави Сител. Директорот на клиниките вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.

 -Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам, не ме доведувајте во ситуација да не можам да ви помогнам, изјави д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ за Сител.

Пред 3 недели 35 годишен светиниколец почина откако скокнал во Охридското езеро кај Лагадин и со главата удрил во камен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега