Драма во село Бањани: Одбил да застане, па со автомобил удрил во службеното возило- полицијата испукала неколку куршуми во воздух

При обид да запрат возило во во текот на вчерашниот ден, автомобилот наместо да застане продолжило да се движи и удрил во службеното возили на полицајците, по што тие излегле од возилото и испукале неколку пати во воздухот.

Според пријавеното утринава во 01.10 часот во атар на село Бањани, скопскo полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото. Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење.

Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „Сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега