Драма на Шар Планина: Браќа од Скопје останале заглавени, на едниот му се слошило

Вистинска драма се одвивала на Шар Планина каде на двајца браќа од Скопје им се случил дефект и останале заглавени, а на едниот му се влошила здравствената состојба.

Околу 21 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека 31-годишниот Е.Х. и неговиот брат 25-годишниот С.Х.  од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект.

На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега