Младо момче три месеци краде низ цело Куманово

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот,  информираа денеска од СВР Куманово. 

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по  член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23 мај до 9 август годинава  извршил тешки кражби на различни локации во Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега