Пресметка во Арачиново - момче со повреди од пиштол донесено во Градска

 

Момче со повреди од пиштол било донесено во Грдскат болница во Скопје, информира МВР.

Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол бил донесен 30-годишниот З.А. од село Мојанци, општина Арачиново. Осомничен за пукањето е 28-годишниот Б.Р. од село Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно, околу 16 часот А.А., брат на З.А., со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над село Арачиново по расправија околу напасувањето на добитокот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега