СДСМ: ВМРО се исплашија од Зоки Кичеец па фрчат лажни вести
Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира денеска, дали е тоа поради повикувањето на еден од осмничените, Зоки Кичеец, на распит? Ова го прашуваат денеска СДСМ.
- Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции. Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец. Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ?, велат од владејачката партија.
- Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа. Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата, велат тие.
Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа