Прентовиќ: Зборот важи - По 11 години СДСМ сега води грижа за земјоделците

 
 
После 11 години потценување на  земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Ова го вели Прентовиќ од СДСМ.
 
- Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар. Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.  Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година. Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто. Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката, вели таа.
 
Овие податоци се особено важни за овој период кога тече откупот на сезонското овошје и зеленчук. 
 
- Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари. Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра. За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ. Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците, вели таа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега