Починал на лице место - Детали за сообраќајката на патот Куманово-Свети Николе

Едно лице почина на лице место во страшна сообраќајка која се случи утрово на патот Куманово-Свети Николе.

МВР информира дека во  02,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од населбата Ајдучка чешма и населбата Перо Чичо, 45-годишниот Т.Т. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „ Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата возачот починал на местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега