СДСМ: Ајде Мицкоски не бегај од јавноста излези и одговори на прашањата, има ли тајни средби и со кого
Ајде Мицкоски не бегај од јавноста излези и одговори на прашањата, има ли тајни средби и со кого, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
„Тајкнуните за кои се водат серија на предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски. Лицата што се снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Медиумот каде што излегуваат снимките имаат линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот Рекет, споменатиот Зоран Кичеец, ВЕЛАТ ОД сдсм И ДОДАВААТ:
„Затоа, наместо да се крие зад лажни вести Мицковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори со кого се гледал и зошто:
·Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто?
·Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал?
·Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?
Јавноста очекува одговори.
ВМРО-ДПМНЕ не ја промени својата режимска матрица. Останува посветена единствено на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.
Ништо повеќе“, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа