Спасов им порача на младите: Клучот за успех се напорна работа и учење

 

Денеска во Скопје се одржа конференцијата „Кариерен ЕКСПО“ во организација на Младинскиот совет на Американска амбасада.

На конференцијата беше дел и макеоднскиот министер за труд и социјала, Диме Спасов, кој изјави дека младоста е клучен период во животот, во кој секој човек ги дефинира сопствените амбиции. 

- Во текот, а особено по завршувањето на формалното образование и дефинирањето на професионалната ориентација младиот човек се соочува со предизвикот за економска независност и пронаоѓање на сопственото место во општеството. Тој процес во современи услови е динамичен, претставува голем предизвик и бара континуирана упорност, вложување во сопствените капацитети и постојана лична и професионална надградба и саможртва, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов

Министерот Спасов на младите им порача да ги искористат сите можности што ги нуди државата како и сопствените можности.

- Основно животно правило е дека секој е чувар на својата среќа и креатор на својот успех. Ниту еден успех не доаѓа без прифаќање ризици и вложување огромен труд. Во современи услови и околности државата е должна да креира амбиент и да создава услови за еднаков пристап до пазарот на трудот. Но, предусловите за вработување ги диктира поединецот почнувајќи од желбата за континуирано образование, додаде министерот за труд и социјална политика.

На конференцијата беше дел и поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник Антонио Милошоски.

- Најмногу ќе ви помогнат луѓето кои лично ги познавате. Затоа треба да создавате контакти со вашата генерација, но и оние пет до десет години постари или помлади. Понекогаш помошта ќе биде само со совет, понекогаш ќе добиете поддршка која ви е потребна, рече Милошоски и додаде дека никогаш млчадите не треба да дозволат цената што треба да ја платат за да изградаткариера да бидет тие или нивниот приватен и семеен живот.

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон верува дека покрај желбата, мотивот, работата, упорноста за успех во градењето кариера е потребна и среќа. - Да немав среќа, рече, денеска нема да бев овде, додаде Ивон.

На конференцијата учество земаа повеќе компании институции и организации кои имаат можност да се претстават пред младите од државните и приватните универзитети, факултети и од средните училишта.

09.10.2013 - 13:27
Фото: 
Евести

најчитано сега