ВМРО-ДПМНЕ: Заев залудно се труди „да ја ишне мувата од капата" за Рекет

 

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија. Ова го велат преку соопштение утрово од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

          - Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници. Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки. Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата, со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал, посочуваат од партијата.

          Велат срамно е и долно тоа што се случува.

- Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега