Си префрлал пари од туѓи сметки - еве што направил итар струмичанец
51-годишниот Ј.С. од селото Банско во Струмица од 2009 година па се до април оваа година, во својство на овластен книговодител во повеќе наврати од трансакционите сметки на правното лице ДООЕЛ „Алфа Трансформира“ и правното лице ДООЕЛ „Сабор Промет“, пренесувал парични средства на своите лични трансакциони сметки како и на сметка на книговодствено биро „Еуро Конти“ чиј сопственик е тој.
При пренесувањето внесувал невистинити содржини дека паричните средства се позајмици, плаќање на данок на додадена вредност, средства за материјални трошоци.
На овој начин струмичанецот си се стекнал со 797.529 денари.
09.10.2013 - 12:26