Едно девојче во стабилна состојба другото се уште во кома

 

Едно од двете девојчиња кои беа најтешко повредени во сообраќајката за 1-ви мај кај Кочанско Оризари е во стабилна здравствена состојба и се чувствува подобро информираат од КАРИЛ, пренесува Здравство24. Но, за да можат да ја следат соостојбата лекарите одлучиле уште некој ден да остане во центарот за интензивно лекување. Непроменета е ситуацијата со 14 годишното девојче кое има сериозни повреди на главата и градниот кош. Уште е во кома и на апарати за дишење. Успешно закрепнуваат сите останати деца хоспитализирани на клиниките за Неврологија,Пластична и за Детска хирургија.

најчитано сега