Среде бел ден убиен пратеник на плажа
Пратник во коалициската влада во Курасао, Карибски острови, среде бел ден со пет куршуми е убиен на јавната плажа Мари Помпоен во близина на северниот брег на Венецуела.
Премиерот на Курасао Даниел Хоџ веста ја потврди на вчерашната на прес-конференција
„Тоа беше страшен, ужасен чин и ние сме во шок. Ние не сме навикнати на вакви работи на нашиот остров. Живееме во демократија и би требало да се почитуваме едни со други. Најостро го осудувам овој чин“, рекол Хоџ, пренесува Асошиејтед прес.