СДСМ: Пиштење-вриштење и ендеци за жени и деца се само дел од владеењето на ВМРО

 

Јавноста можеше да слушне и се уште памети како од белиот дворец се нарачуваа казни, судски предмети и пресуди. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ заканите и уцените кон граѓаните беа секојдневие. Ова денеска го велат од СДСМ.

 - Пиштење вриштење, нарачување инспекции, ендеци за жени и деца и палења ресторани, исклучување лифтови на изборен ден, "влечење за уши на гласање" се само дел од начините на кој ВМРО-ДПМНЕ владееше и се однесуваше со граѓаните. Денес ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и раководството се уште седат во белиот дворец што е симбол на криминал и расипништво. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство Никола Груевски се уште се заканува со пресметки и пресретнување во темни улички, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не се оградуваат од него, туку и работат по  негови насоки, велат СДСМ.

Велат се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и раководството на партијата остануваат послушници на Груевски, осамени во деструктивното делување и одбраната на криминалот.

 - Но наредбите од Будимпешта и антидржавното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречат напредокот. Институциите по 11 години заробеништво, конечно функционираат независно и неселективно, без разлика колку тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега