Калеска-Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски и работат по негови директиви

„11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО“ се вели во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ велат дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа.

„Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи.

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси.

Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес.  

И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во  темни улички.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот.

Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега