ВМРО-ДПМНЕ: Време е за крај на корупцијата на СДСМ

СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување на партиски активисти. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

        -   СДСМ најбрутално политички ги злоупотребува и болниците, играјќи се со животот на пациентите.  Од аудио снимката која е пуштена по интернет, се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на  СДСМ во Прилеп и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски на состанокот со нововработените во прилепската болница. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите нововработените како надомест за добиеното работно место мора да истрчаат за партијата на претседателските избори, велат од опозицијата.

 

           Според нив граѓаните бараат одговорност од оваа влада бидејќи јасно се слуша како Миле Талевски пред граѓаните во Прилеп им вели: „Во овој момент барам од сите вас како претседател на општинската организација и шеф на општинскиот изборен штаб максимално во овој временски период да се стави во функција на партијата. Сите оние обврски кои ќе ви бидат зададени од месните организации, сите обврски кои ќе бидат зададени од институцијата ќе мора максимално да ги испочитуваме “, „Мислам дека во општа болница Прилеп реализиравме една сериозна бројка на нововработени и тоа мора да го испочитуваат“.

 

       -    На ваков начин работи и функционира СДСМ. Потребна е итна и неотповиклива оставка од Сугарески и распишување на предвремени парламентарни избори. Време е крај да се стави на корупција и злоупотреби кои се направени во изминативе три години од СДСМ и Зоран Заев, додаваат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2019 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега