Човек изгорел во пожарот во „Гранит“ на Попова Шапка

Труп на засега непознато лице е пронајден во опожарениот објект на хотелот Гранит на Попова Шапка, информира полицијата. Телото според информации од СВР Тетово било пронајдено на вториот кат од објектот.

На самото место веднаш се упатиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител да извршат увид, додека полицајци од полициското одделение го обезбедуваат местото.

 

Пожарот избувнал денеска околу пладне најпрво во ресторанскиот дел за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција. Во гаснењето учестувале три противпожарни возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица.

Првичните сомневања се дека пожарот е подметнат.

 

08.10.2013 - 20:36
Фото: 
Курир

најчитано сега