Собранискиот спикер на Конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска е дел од 6. Конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан во Будимпешта.

Денеска претседателот на македонското собрание се обратил на две конференциски сесии „Интеграција во ЕУ:резултати и аспирации“ и „Безбедносни јавни политики за соработка во Западен Балкан: Придонес за европската стабилност“.  На втората сесија беше ко-претседавач заедно со домаќинот на конференцијата Ковер.

Вељаноски остварил повеќе билатерални средби, меѓу кои  со своите колеги од Унгарија и Албанија, Ласло Ковер и Илир Мета, со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Бранко Радуловиќ, како и со почесниот гостин на конференцијата,  Игор Радојчиќ, претседател на Народното Собрание на Република Српска.

- На средбите соговорниците разменија мислење за актуелните теми и случувања во државите, за значењето на ваков вид настани за унапредување на регионалната соработка и дополнителен поттик за заемно помагање и поддршка, како и за значењето на парламентарната дипломатија и интензивирање на соработката меѓу парламентите од регионот на сите нивоа. ЕУ перспективата, членството во НАТО и подготвеноста за размена на искуства во однос на хармонизација со европското законодавството и постигнување на стандардите на Алијансата беа исто дел од темите на кои се задржаа соговорниците, се вели во соопштението.

 

08.10.2013 - 15:48