„Да ја вратиме средната класа“ - СДСМ претстави проект од новата програма

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

              Ми претставува огромно задоволство денеска пред македонската јавност да ја претставам суштината  и мерките за идното  политичкото дејствување на СДСМ со цел, да понудиме квалитетна алтернатива на политиките на оваа власт.Проект на кој  што изминативе неколку месеци интензивно работеше најтесното партиско раководство, пратеничката група,извршниот и централниот одбор,членството на СДСМ,како и домашни и странски експерти.   

                               „Да ја вратиме средната класа“ е основната порака на новата Програма на СДСМ. Слоганот прецизно го отсликува фокусот на СДСМ кој е насочен кон враќање на значењето, позицијата и достоинството на огромното мнозинство граѓани на Република Македонија кои припаѓаат или треба да припаѓаат на средните општествени слоеви. Нема демократија без средна класа. Нема напредок без стабилна средна класа која чувствува дека политиката и носи подобар живот и отвара повеќе шанси.

           Почитувани, од денеска започнува презентацијата намеркитесодржани во новата Програма на СДСМ. Преку отворени и јавни форуми и дебати низ цела Македонија, во пишана или електронска форма очекуваме предлози, сугестии, критики од нашите сограѓани, од претставниците на различни професии, стручни лица и експерти во поедини области, од здруженија на граѓани и поединци. Низ  ваква процедура, некаде кон средината на Декември ќе го оформиме и заокружиме конечниот текст и содржина на документот чија практична реализација  ќе значи подобрување на условите за живеење на секој граѓанин, на секое семејство во Македонија.

           Како што веќе спомнав, новата Програмата на СДСМ изобилува со конкретни и практични мерки и решенија за сите области на општественото живеење.

           Денеска, во оваа прилика, ќе го промовирам првиот од проектите кој ја истакнува определбата на СДСМ за враќање на средната класа во Република Македонија.

           Го нарековме:“Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“.

          Нашиот предлог е: на секој граѓанин, или попрецизно, на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ.

              Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:

- со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно.

- На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари.

- ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки.

- Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“.

 - Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти.

  - Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина.

 - На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните.

 - Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци.

 - По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над  30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.

 Почитувани, ова е само почеток и само една од мерките содржани во новата Програма на СДСМ.

 Ги повикувам граѓаните и стручната јавност да дадат активен придонес во подобрување и конципирањето на програмската  понуда на СДСМ.

 Тоа е од интерес на сите граѓани во Република Македонија.

Интегрален текст од изјава на Заев.

08.10.2013 - 15:30

најчитано сега