Прилеп: Млади момчиња прегазија старица со мотор

Денеска се случила страотна сообраќајна несреќа на локалниот пат меѓу селата Долнени-Ропотово во Прилеп кога моторцикл марка Хонда без регистарски ознаки удрил во 80-годишна старица која во моментот поминувала на патот.

Возачот на моторот, 21-годишниот Г.Т. и неговиот сопатник, 18-годишниот С.П. веднаш биле пренесени во градската болница во Прилеп со тешки повреди, додека за жал старицата им подлегнала на повредите на местото на несреќата, пренесе МИА.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

 

08.10.2013 - 14:54

најчитано сега