Гори хотелот „Гранит“ на Попова Шапка

Денеска избувнал пожар во хотелот „Гранит“ на Попова Шапка. Пожарот избувнал околу пладне најпрво во ресторантскиот дел, а потоа се проширил и кон целиот објект зафаќајќи ја и покривната конструкција.

Како што изјавува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА, во гаснењето на пожарот учествувале две возила на тетовската противпожарна единица.

- Локализирањето на пожарот е во завршна фаза и допрва претстои увид од стручни екипи кои треба да утврдат што е изгорено и евентуалните причини за избувнување на огнот, рече Јосифовски. 

Полицијата ќе работи на откривање на причините за настанувањето на пожарот.

08.10.2013 - 14:49
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега