Јанкулоска: Кондарко да се однесува сериозно и да закаже седница - МВР стои на располагање

Денеска македонската министерка за внатрешни работи при посетата на Берово му порача на претседателот на ДИК, Борис Кондарко да почне да се однесува сериозно и нагласи дека  МВР целосно му стои на располагање за сите потребни податоци.

Министерката Јанкуловска изјави дека изборниот законик многу јасно, прецизно и недвосмислено ја дефинира институцијата која е надлежна за водење на избирачкиот список, а тоа е ДИК. Првата работа која треба да се направи според Јанкуловска е ДИК да закаже состанок и да се зафати со работа.

-Јас му порачувам уште веднаш да закаже седница на ДИК на која ќе утврдат процедури како ќе продолжат со причистувањето на избирачкиот список, а она што се однесува на другите институции, јас барем од позиција на министер за внатрешни работи за МВР можам да кажам дека сите податоци со кои ние располагаме му се ставени на располагање и дополнително доколку му е потребна било каква поддршка во насока на спроведување на оваа важна активност, целосно му стоиме на располагање се со цел активноста на прочистување на избирачкиот список да се заврши колку што е можно побрзо и да се спроведе на начин во кој сите општествени чинители ќе имаат доверба, нагласи Јанкулоска по посетата на Берово, пренесе Курир.

Инаку, министерката денеска во Берово се сретна со ловните здруженија и концесионери на ловишта од регионот на беровско, на локалната власт и на полицијата.

 

08.10.2013 - 14:34

најчитано сега