Шест години се борел со тешка болест - Се огласи семејството на Гоце Влахов

Почина македонскиот актер Гоце Влахов, еден од големите актери во Македонија.

- Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов, Со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шестгодишна борба со рак. За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел, напишаа неговата сопруга и ќерка на Фејсбук.

 

Познат е по улогите во легендарните  Македонски народни приказни, Во светот на бајките, Опстанок, Тврдокорни, Погрешно време, Сенки, Мајки, Бунило, Трст виа Скопје, Климент Охридски, Оловна бригада, Јуначко Колено...

Неговиот Фејсбук е преполн со тажни пораки. Беше роден на 12 мај 1949 година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2019 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега