Паско Кузман: Се изненадив кога добив фактура од МВР

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судскиот процес за случајот „Фаланга 2" каде директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, половина час ја даваше својата одбрана.

Паско Кузман кој се товари за злоупотреба на службената положба, како што пренесува Канал 5, во својата одбрана истакнал дека не направил никаква злоупотреба ниту ги пречекорил овластувањата.

-Мојата најискрена мотивација при реализација на овој потфат, а верувам и на Управата, беше во случај да биде откриено скриеното богатство Управата да се здобие со такво богатство, односно се обидувавме да придонесеме за нашата држава. Затоа се обративме до бирото за јавна безбедност за полициска заштита, изјавил Паско во судницата.

Паско ја прашал и обвинителката кому предизвикал штета кога фирмите што копале не добиле ни денар а на МВР и ги исплатиле парите за полициска асистенција на терен. -„Бев изненаден дека се наплаќа. Прво мислев дека не треба да платиме бидејќи сите работевме за иста цел, во корист на државата особено што двете институции се државни и се под истиот буџет“ дополни Кузман, пренесе Канал 5.

Судењето за случајот Фаланга 2 продолжува наредната недела.

08.10.2013 - 14:20
Фото: 
Сител

најчитано сега