Котески во обиколка на единиците во гарнизонот во Штип

Денеска началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески беше во посета на Штип каде изврши обиколка на единиците во штипскиот гарнизон.

За време на обиколката, Котески остварил средба и со клучниот персонал кој имаше можност да праша за проблеми поврзани со функционирањето на службата. По обиколката Котески констатираше дека функционирање и уреденоста се на потребното ниво и дека условите во кои се наоѓа, овозможуваат нормално одвивање на животот и работата.

Котески за време на посетата беше командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, дел од началниците на секции од ГШ на АРМ  и командантот на гарнизонот Штип.

Началникот на ГШ на АРМ се сретна и со градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

08.10.2013 - 14:01
Фото: 
Денешен

најчитано сега