Мадона преминува во ислам

Пејачката Мадона и покрај тоа што порасна во католичко семејство, сепак е спремна да ги проучува и останатите религии.

Пред неколку години таа беше опседната со Кабала, Еврејската мистика, па влезе и во водите на Јудизмот.

Сега кога пејачката е во врска со танчерот Брахим Заибат, кој е Муслиман,  и таа сака да се посвети на исламот.

„Сметам дека е важно да се проучат сите свети книги. Како што вели секогаш мојот пријател Јаман: „Добриот Муслиман е и добар Евреин, а добриот Евреин е и добар Христијанин, и така натаму“. Јас можам само да се согласам со него“, изјави оваа пејачка за списанието „Harper's Bazaar“.

 

Мадона открива дека во последниот период го проучува Куранот,  наведувајќи  дека Исламот сè повеќе ја интригира во последно време, особено после престојот во Малавија каде ја посвоила ќеркичката Марси.

08.10.2013 - 13:56

најчитано сега