Беџети: Избирачкиот список е „жива материја“ и треба во континуитет да се разгледува

 

Денеска министерот за правда Блерим Беџети изјави дека избирачкиот список е „жива материја“ кој во континуитет треба да се разгледува.

- Убеден сум дека по Избирачкиот список се постапува како што се постапуваше и пред локалните избори, кога немаше посуштински забелешки. Тогаш сите релевантни субјекти во државата ја поздравија работата на Работната група и на крајот имавме прочистен Избирачки список. Се разбира и сега се постапува така, рече Беџети.

Околу случајот со новинарот на Нова Македонија Кежаровски, Беџети вели дека веќе се изјаснил за овој случај.

- Да не се впуштаме во внатрешноста на предметот и да не се влијае од никаков аспект како и за сите други предмети, додаде Беџети.

08.10.2013 - 13:48
Фото: 
спектра

најчитано сега